

KOLORRUN 2022 powered by EAST GATE MALL
18th јули 2022

Со огромно задоволство ви ја најавувавме новата трка во градот – KoloRRun 2022!
Еден поинаков тип трка и забава, препознатлив и прифатен во многу градови во светот, сега за првпат и кај нас, во организација на East Gate Mall и на KorRunners.
Во рамките на настанот ќе се одржат неколку трки: главна трка на 10 км, тим билдинг / ревијална трка на 2,5 км и детска трка на 500 м со многу забава по трасата и со огромно изненадување на целта!
КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
KOLORRUN е одлична можност за активна забава за сите и е наменета за сите генерации – групи или индивидуалци, вработени во компании, семејства, деца. Може да учествува секој, без разлика на возраст, пол, физичка подготвеност и без ограничување на максималниот број учесници.
Доколку сте активни во трчањето придружете се на главната трка на 10 км и обидете се да го соборите својот личен рекорд.
За најмалите подготвивме посебна детска трка на 500 м
А во тим билдинг / ревијалната трка на 2,5 км може да учествуваат сите – тимови вработени од компании, индивидуалци или групи.
ДАТУМ И ВРЕМЕ
Датум: 18.9.2022 година
Почеток: 9.00 часот
ТРКИ:
Главна трка – 10 км
Тим билдинг трка – 2,5 км
Детска трка – 500 м
НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Краен рок на пријавување: 12.9.2022 година
Пријавување и повеќе информации тука!
Ве очекуваме на првиот KOLORRUN за заедно да го обоиме градот со позитивна енергија!